Сè што треба да знаете за процесот на плаќање, валута и банкарски трансфер.
Плаќањето е исклучиво со банкарски трансфер — уплата по фактура на сметка на Azure Holidays. Не прифаќаме плаќање со платежна картичка, PayPal, или друг онлајн метод на плаќање.
Цените на сместувањата се изразени во евра (EUR). Плаќањето се врши во македонски денари (МКД) по фиксен курс: 1€ = 62 МКД. Курсот е фиксен и не се менува во зависност од дневни флуктуации.
По испраќање на барање за резервација и потврда на достапност од страна на организаторот, клиентот добива фактура со детални инструкции за уплата — износ, број на сметка и рок за плаќање.
Во зависност од условите на организаторот, можно е плаќање во целост или во две рати (аванс при резервација + доплата пред патување). Конкретните детали и рокови се наведени во фактурата за секоја поединечна резервација.
Банкарските провизии при уплата, како и при евентуална рефундација, се на товар на клиентот. Ова вклучува провизии за домашен трансфер при уплата и провизии за меѓународен трансфер при повраток на средства.
Кажи ни ги твоите датуми и буџет — ќе ти предложиме најдобра опција.